Оваа дама има 63 години. Таа е мајка на четири деца, и баба на две внучиња и изгледа неверојатно.
Таа е железна дама, за секаква почит.
Која е оваа дама и зошто изгледа вака? Што ја натерало на овој потег и зошто таа одлучила целосно да се промени?
Во Израел има жена по име Клодин.
Во овој момент, Клодин изгледа многу силно, но само 10 години порано, таа била многу слаба и кревка. Толку слаба што нејзиниот сопруг ја малтретирал секој ден и цело време, само затоа што тој бил физички посилен од неа.
„Тој започна да ме понижува, со текот на годините насилството прерасна во физичко. Бев подготвена да го издржам понижувањето, но штом еднаш рече дека ако го оставам, ќе ме убие, сè се смени”.
За 24 години брак, Клодин била жртва и 24 години страдала од болка, само затоа што го сакала најдоброто за децата.
„Кога тој започна да ги малтретира децата, тие постојано плачеа и стравуваа за мојот живот и ме молеа да одам и да не се грижам за нив, тогаш нешто се проби во мене“.
Еден ден Клодин заклучила дека не може да се крие и да се плаши цел живот.
Таа станала и го сторила невозможното.
Клодин го напуштила сопругот и ставила крај на бракот, а сето тоа го сторила во 50-тите години од животот.
И не застанала тука, таа оди во теретана секој ден, без да прескокне ден, веќе 10 години.
Погледнете видео за нејзината животна приказна: