Водостојот на реката Пчиња е скоро двојно под проскот за овој период од годината покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи направени рано утринава.
Loading...
Мерната станица на УХМР лоцирана во атарот на селото Пелинце, утринава во 07:30 часот покажала водостој од само 32 сантиметри.
Тоа е за два сантиметри повеќе во споредба со мерењата од вчера, но е скоро двојно под просекот за месец јуни кој изнесува 51 сантиметар.
Никола Ивановски