Снимката од израелскиот министер за туризам, Џоел Разозов, како излегува од водата, ги обиколи социјалните мрежи и не престанува да се зборува за неговите мускули.
Видеото кое го покажува мускулестото тело на израелскиот министер за туризам, започна да се шири на социјалните мрежи, а насловот под видеото, кој гласи: „Нешто што заборавија да ни го кажат за новата влада: Џоел Разозов, покажува колку се воодушевени Израелците од неговиот изглед. „Тој е најзгодниот министер за туризам што сме го имале“.
40-годишниот Разозов е близок соработник на Хаер Лапид, а пред да се реши за политика, тој бил успешен џудист. Тој го претставувал Израел на европски и светски шампионати, а ги бранел боите на својата земја дури и на Олимписките игри.
Џоел неодамна влегол во политика, бидејќи морал да ја заврши својата спортска кариера поради неколку повреди, но сепак е голем љубител на спортот и редовно оди на сурфање.
Видеото, кое почнало да се шири на социјалните мрежи, покажува како министерот излегува од вода додека во рацете држи даска за сурфање, а ова видео потсети на многумина од познатите сцени од „Чуварите на плажата“.
Споменатото видео дури стигнало и до седницата на владата, каде што го задевал новоизбраниот премиер Нафтали Бенет, пишува Times of Israel.
„Џоел, престани да ги правиш мажите засрамени пред своите жени“, рекол Бенет алудирајќи на снимката.
Ниту Разозов не останал должен, па му одговори на Бенет на сличен начин.
– Јас го правам тоа само за да ги рекламирам израелски плажи – рече министерот за туризам.
משהו ששכחו לספר לנו על הממשלה החדשה:
יואל רזבוזוב הוא שר התיירות הכי חתיך שהיה לנו pic.twitter.com/0JDaWjvMHc— Eran Swissa (@EranSwissa) June 18, 2021