Ново пајак возило во следните два месеци ќе добие Куманово, најави денеска од седницата на Советот на Општина Куманово, директорот на Јавното претпријатие „Куманово паркинг“.
– Верувам дека во текот на овие два месеци, врз основа на информацијата од градоначалникот, од Светската банка ќе дојде нов пајак и многу ќе помогне во зголемувањето на приходите на претпријатието. Не е наша вина што не се проширени зоните во градот, одлуката треба да ја однесете вие како советници, рече Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Куманово паркинг“.
Како што вели директорот Фадиљ возилото кое моментално се користи е од 1986 година и истото освен што се старо, всушност е и донација од Град Скопје.
– Јановото претпријатие „Куманово паркинг“ функционира со пајак од 1986та година, старо возило, поднесовме барање до Советот на Град Скопје и градоначалникот на Град Скопје кој со директорот на скопскиот паркинг ни даде донација едно возило со кое работиме и се услужуваме и денеска, рече директорот.
Најголема дебата денеска меѓу совентиците се поведе поради точките на оваа јавно претпријатие. Опозиција беше заинтересирана за повластеното паркирање на паркинг услуги на лица со инвалидитет и како тоа се регулирапа околу еден час советниците дебатираа на таа тема.
Никола Ивановски