Пакистанец уапсен во Лојане поради разбојништво и поседување марихуана

Сподели со своите пријатели

Поради сомнение за сторено кривично дело разбојништво, но и поради поседување марихуана, вчера во реонот на селото Лојане, Општина Липково, бил приведен мигрант – државјанин на Пакистан.

Loading...

– На 20.06.2021 во 06.00 часот од полициски службеници од Полициска станица Сопот, во реон на селото Лојане, кај место викано „Воденица“ биле пронајдени четири лица мигранти од Пакистан, при што А.С.(20) од Пакистан бил лишен од слобода, бидејќи кај него била пронајдена марихуана, како и поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, А.С. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Останатите лица биле пренесени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply