Роден со помалку од килограм, без шанси да преживее, а сега го слави првиот роденден (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Мал борец. Што друго може да се каже за Ричард Скот Вилијам Хачинсон кој влезе во Гинисовата книга како најрано родено бебе што преживеало.

Loading...

Роден е во детска болница во Минеаполис пет месеци предвреме. Неговите лекари им соопштиле на неговите родители мрачни прогнози.

 

 

Неговата мајка Бет Хачинсон доживела медицински компликации кои предизвикале породување во четвртиот месец од бременоста.

Роден 131 дена пред очекуваниот термин, Ричард тежел само 340 грама. Тој бил толку мал што неговите родители можеле да го држат во дланката на едната рака, според Гинисовата книга на рекорди.

 

Loading...

 

„Кога родителите на Рик и Бет разговараа со лекарите, нашиот неонатален тим со тешко срце им објасни да не очекуваат дека Ричард, бидејќи е роден многу рано, ќе преживее“, изјави доктор Стејси Керн, кој ја следел состојбата на Ричард.

 

 

„Знаев дека првите недели од животот на Ричард ќе бидат многу тешки, но чувствував дека може да преживее ако успее да го помине тоа“, додаде докторот.

 

Loading...

 

Поради пандемијата на коронавирусот, на родителите на Ричард не им било дозволено да останат во болницата преку ноќ, па секој ден патувале во болницата неколку часа за да бидат покрај него.

 

 

Во декември 2020 година, по повеќе од 6 месеци во болницата, Ричард бил отпуштен и заминал дома во прегратките на неговите родители.

 

Loading...

 

„Денот кога го добивме отпусниот лист беше посебен. Се сеќавам на моите очи исполнети со солзи кога го извадив од кревет“, се присетува Бет.

 

 

Loading...

Пред повеќе од 2 недели, на 5 јуни, малиот борец го прослави и својот прв роденден со семејството.

 

Leave a Reply