Денес околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност која поради големата енергија во атмосферата ќе биде во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, препорачуваат од УХМР.
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Неделна прогноза за Куманово
Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
Утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35 степени.
Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен.
Никола Ивановски