Фитнес моделот Ванеса Атаидес (35) е позната по својата обемна позадина, а оваа година доби признание за најголем задник во Бразил. Ванеса вложила многу труд во своето тело, па решила да го осигура задникот на 325.000 евра.
– Јас сум позната по задникот, дури е најголем во Бразил, па претпоставувам дека е фер да се осигурам – вели Ванеса.
Ангажирала цел тим обучувачи кои се посветени на нејзиното тело, а секое утро се будат во 4 часот за да вежбаат. Нејзина главна цел е да го собори светскиот рекорд и да го има најголемиот задник на светот.
– Обемот на задникот ми е моментално 130 см, но тренирам напорно затоа што сакам да биде уште поголем – откри Ванеса.
Таа тврди дека никогаш не ги фотошопирала своите слики и дека нејзиниот задник изгледа уште поголем во живо.
– Нема да најдете фотошопирани фотографии. Јас не сум совршена и не ги кријам своите несовршености, бидејќи мислењето на другите луѓе не влијае на мене. Имам стрии и целулит, но се обидувам да ги задржам што е можно позабележителни – напишала Ванеса под својата слика.
Нејзиниот начин на живот воопшто не е лесен. Таа јаде шест оброци со протеини на ден за да изгледа совршено, а нејзините тренинзи, открива, се исцрпувачки и траат со часови.
– Јадам многу белки и месо, а мојата диета е направена строго за задникот – вели сопственичката на најголемиот задник во Бразил.
За да се сруши светскиот рекорд во оваа категорија, Ванеса ќе мора да работи напорно. Имено, сопственичка на најголемиот задник во светот е Микел Руфинели, чиј задник е со обем од 2,4 метри.