Просидбата треба да биде посебен момент во животот на секоја двојка.
Кога велиме посебен, мислиме на нешто што и таа и тој засекогаш ќе го паметат по тоа што е убаво, симпатично. По некој романтичен момент, место, детал.
Но, бидејќи сме сите различни, на овој „генијалец“ му текнало да ја изобличи таа идеја и се чини дека тоа било многу лошо, лошо решение.
Еве што смислило ова момче. Така, додека возел со својата драга во автомобилот, некои момци му тропнале на стаклото, што го „принудило“ да се сврти од патот и да го паркира возилото настрана.
Потоа му се заканиле, велејќи му дека ќе го претепаат затоа што му должи на нивниот мафијашки шеф 80 000 пезоси и на крајот го „натерале да клекне под закана од безбол палка“.
Се испоставило дека станува збор за претстава што му претходела на „празничниот момент“, а ситуацијата толку многу ја исплашила јадната девојка што почнала да плаче.
Таа се смирила дури откако сфатила дека никој не е во опасност и на крајот се согласила да се омажи за момчето.
Видеото досега собра скоро 400.000 прегледи на Јутјуб, но претпоставувам дека никој нема да излезе со иста или слична идеја.
https://youtu.be/vxOaT7EaOUI