Повеќето корисници на Фејсбук ги информираат своите пријатели за новостите преку оваа социјална мрежа. Така, објавата на една тетка, во која светот се среќава со нејзиниот новороден внук, стана планетарно популарна, само поради необичното име на бебето.
„Ни се роди Hyper Text Markup Language (Јазик за обележување на хипертекст), или скратено HTML“ – родено момче со тоа име од Филипинитего претстави неговата тетка, пренесува „Дејли меил“.
Се верува дека таткото на новороденото момче, кој инаку е програмер, Мак Паскал, е одговорен за избор на необично име во чест на неговата професија.
Тој за локалните медиуми изјави дека во неговото семејство има многу невообичаени имиња, објаснувајќи дека неговото име е скратено од „макарони“.
Тој рече дека една од неговите сестри се вика Шпагети, која има две деца кои се викаат Пармезан и Сирење Пименто.
ХТМЛ е роден здрав, тежок 2,25 килограми во болницата „Медицинска мисија“ во Булакан, северно од главниот град Манила.
Неговата мајка Сали Рајо Паскал изјави дека е многу возбудена што го родила момчето и дека роднините се задоволни од изборот на името.
Тетката на HTML, Синсерели Паскал, сега има објава што е споделена околу 9000 пати, и која предизвикува бројни коментари на социјалните мрежи.