„Се вратила од мртвите“: Кремирале мачка, а таа после неколку дена се вратила дома

Сподели со своите пријатели

Едно семејство од Ворингтон, Англија, останало во целосен шок кога пред нивната врата се појавила мачка што ја кремирале неколку дена порано.

Loading...

Мачката Френки живеела со своето семејство 16 години. Тој бил негуван и сакан, а потоа еден ден едноставно не се вратил од прошетка.

Семејството тргнало во потрага по Френки, а потоа го пронашле безживотното тело на мачка на регионалниот пат. Убедени дека тоа е нивниот Френки, тие ја кремирале мачката.

 

 

Сепак, по неколку дена, доживеале целосен шок, бидејќи Френки се појавил пред вратата.

– Ова е чудо. Мислевме дека е мртов – рече седумгодишното момче Реми, кое пораснало со Френки.

Loading...

Неговата мајка Рејчел вели дека Френки се вратил гладен и истоштен, но жив.

„Очигледно дека кремиравме туѓа мачка“, рече таа за Би-Би-Си.

Leave a Reply