Какви се луѓето кои сакаат мачки, а какви они што сакаат кучиња?

Сподели со своите пријатели

Постојат четири типа на луѓе во светот. Оние кои сакаат кучиња, оние кои сакаат мачки, оние кои сакаат и двете и оние кои не сакаат ниту кучиња ниту мачки.

Loading...

„Кавгата“ околу тоа дали кучињата или мачките се подобри, секогаш траела, а научниците се посветиле и на карактеристиките на љубителите на мачки и кучиња.

 

 

Така, некои студии покажале дека постојат разлики во овие две групи на луѓе во психолошки профили.

Една студија, меѓу другото, покажала дека луѓето кои сакаат кучиња се посреќни, а луѓето кои сакаат мачки се попаметни.

Истражувачите од американскиот универзитет во Керол прашале 600 студенти дали претпочитаат мачки или кучиња, како и кои квалитети најмногу ги сакаат кај своите миленици. Учесниците на истражувањето исто така направиле тестови за личност и интелигенција.

Loading...

Меѓу учесниците во истражувањето, 60 проценти од нив се одлучиле за кучиња, 11 проценти за мачки, а на останатите им се допаднале и едното и другото.

 

 

Истражувачите откриле дека карактеристиките на личноста можеби придонеле за овие склоности.

Љубителите на кучиња, покажало истражувањето, имаат тенденција да бидат поживи, поенергични, поприлагодливи и строго да ги следат правилата.

Љубителите на мачки, од друга страна, имаат тенденција да бидат поинтровертни, поотворени и почувствителни. Повеќе сакаат да одат по свој пат отколку да ги следат правилата.

Истражувачот Денис Гвастело рече дека соодветните карактеристики имаат смисла.

Loading...

Лице кое претпочита кучиња ќе биде поживо. Сака да биде надвор, да разговара со луѓе, да го прошета своето куче… Од друга страна, ако сте поинтровертни и чувствителни, лице кое сака да чита книга дома… мачката е животно што не треба да оди надвор на прошетка, рече Гвастело.

 

 

Резултатите од студијата треба да се земат со зрно претпазливост, бидејќи било ограничено на студенти, додека не е познато како се однесуваат другите возрасни групи.

Пообемно истражување, барем кога станува збор за возрасни групи, било спроведено на универзитетот во Менхетенвил во Њујорк. Во него учествувале 263 лица на возраст од 19 до 68 години. Учесниците одговориле на прашања за нивните миленици и нивната личност.

Сопствениците на миленичиња биле посреќни од оние кои немале домашни миленици, а сопствениците на кучиња биле посреќни од сопствениците на мачки.

Ако го земеме предвид фактот дека според некои истражувања, сопствениците на мачки се попаметни – најдобра опција е да ги сакате и двете.

Loading...

Leave a Reply