На детето му дал име HTML, бидејќи бил веб дизајнер

Сподели со своите пријатели

На новороденче од Филипините му било дадено името Hypertext Mark-up Language Rayo Pascual или скратено HTML Рајо Пасквал.

Loading...

Името за детето го избрал неговиот татко Мек Пасквал, инаку веб-дизајнер, кој се појавил во медиумите во 2014 година.

Тој и неговата сестра се именувани по храна. Нивните целосни имиња се Макарони ’85 и Шпагети ’88, а бројките ја означуваат нивната година на раѓање.

 

 

„Сестрата им ги даде на своите деца имињата Сирење Пимиенто (Cheese Pimiento) и Пармезан (Parmesan). Нивните прекари се Чипи и Пиви (Chippy и Peewee)”, рече Мек Пасквал.

Малиот HTML е роден во болницата Bulacan Medical Mission Group и тежел 2222 грама при раѓањето.

Loading...

Тој е здраво и среќно бебе кое се прослави откако неговата тетка објави порака за добредојде на светот на Фејсбук, пишува Мирор.

 

 

HTML не е единственото дете со невообичаено име поврзано со технологијата. Во мај 2020 година, Елон Маск го нарече својот син X Æ A-12.

Leave a Reply