Центарот за култура ги повика младите уметници да го креираат постерот за Денови на комедија 2021

Сподели со своите пријатели

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово упати јавен повик до сите млади уметници да учествуваат во креирањето на главниот постер за меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2021“.

Loading...

– Сакаме да се пријавите и да го покажете на постер вашето видување на нашиот заеднички фестивал. Очекуваме решенија со кои ќе бидеме горди и Вие и ние. Искажете ги вашите креативни идеи, дадете предлози, насликајте, нацртајте. Дадете го вашето решение, а за останатото што ќе треба да се вметне во постерот, како датумот на оддржување на Фестивалот и логоата, дополнително ќе се договориме), велат од „Трајко Прокопиев“.

Предвидени се три награди од кои првата за официјалниот постер ќе изнесува 12.000 денари, втората шест илјади, а третата награда е 4.000 денари.

За изборот на постерите ќе одлучи комисија која ќе го избере најдоброто решение.

Сите пристигнати решенија ќе бидат изложени за време на 24 издание на МТФ „Денови на комедија 2021“ во фоаје на Центарот за култура.

Вашите предлози треба да ги испратите на [email protected] со ваша шифра и наслов ДКК2021 најдоцна до 10 јули 2021.

Центарот за култура го задржува правото за употреба на решенијата (постерите) за свои цели и промоција на истите откако со лицата кои ги изготвиле ќе бидат потпишани договорите.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply