Попладне услови за нестабилност, температурите во пораст

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Максималните температури ширум земјата ќе се движат во интервал од 21 до 33 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се можни услови за врнежи од дожд проследени со електрични празнења.

Ќе дува слаб ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од 12 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

Loading...

 

 

И утре во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во сабота се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе бидат во постепен пораст.

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply