Дивите мостови долж Кумановка и Липковка ќе бидат отстранети (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дивите мостови долж реките Кумановка и Липковка ќе бидат отстранети со првото следно чистење на речното корито, најави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

Вели дека сите импровизирани градби од таков тип се уриваат секоја година со чистење на реките, но никнуваат одново.

– Општината секоја година при постапката за чистење на речното корито, а редовно се чисти секоја година коритото на Липковка и Кумановка. Сите вакви импровизирани градби кои изгледаат како на филм, ги уриваме, но за жал никнуваат подоцна од самите граѓани кои гравитираат тука. Во следната фаза на чистење на речното корито повторно ќе бидат отстранети ваквите импровизирани градби кои ги градат самите граѓани кои живеат непосреднео на тие локации за да си обезбедат личен премин, а гледаме дека ги користат и за исфрлање недозволено на отпад, рече градоначалникот Димитриевски.

 

 

Градоначалникот Димитриевски вели дека ништо не може да се направи повеќе без соработка со Министерството за внатрешни работи.

– Ние порцесуираме дела, но без Министерството за внатрешни работи, не можеме да дојдеме ниту еднаш до сторителот кој тоа го изградил и како, но како и да е ќе продолжиме да се бориме против тоа, бидејќи тоа е недозволиво, рече градоначаникот.

Loading...

Инаку, дивите мостови долж речното корито беа тема број еден и минатиот месец кога две жени беа снимени како од нив фрлаат поголема количина смет во водите на реката.

 

Leave a Reply