Дури и најсигурните жени понекогаш прават грешки и тоа е во ред се додека сакате да работите на себе и на градење на вашата интимна врска. Вродено е кај жените да размислуваат премногу, што честопати може да биде кочница за сексот …
1. Тие чекаат да бидат расположени за секс
Ако чекате мозокот и телото да „нападнат“ за секс, веројатно нема да го правите тоа многу често. Ова е затоа што повеќето жени не чувствуваат страст се додека нешто не ги охрабри да го сторат тоа – бакнежи на партнерот, допири …
– Предиграта, па дури и самите допири, го придвижуваат телото да испрати порака до мозокот за активирање на интересот за секс, покажа истражувањето – вели американскиот лекар Скот Халцман.
Дури и ако чувствувате дека не сте доволно подготвени за самиот чин, на пример, не сте доволно влажни, тоа не значи дека не сте возбудени. Во такви случаи, лубрикантите можат да помогнат за време на предиграта – рече психијатарот Медлин Кастеланос, специјализирана за сексуална дисфункција за WebMD.
2. Потребите на нивниот партнер се пред нивните
Пренасочување на целата ваша енергија кон задоволување на партнерот нема да ве направи подобра љубовница, туку само помалку среќна. Може да има лош ефект и на едните и на другите.
Сексот е време да се биде себичен и да уживате.
– Биолошки, на жените им е судено да ги ставаат туѓите потреби пред своите. Но, тие треба да го отфрлат тој инстинкт кога станува збор за нивниот сексуален живот. Тие треба да забават. На жените им треба повеќе време да се возбудат и да доживеат оргазам, и тоа е во ред. Не чувствувај вина. Вашето задоволство ги возбудува вашите партнери – објасни Кастеланос.
Тој додава дека е многу важно да бидете искрени кон себе и партнерот и да признаете што ви одговара. Не ви се допаѓа одредена поза? Кажете. Дали сте премногу уморни во 11 часот навечер? Закажете утрински секс. Прилагодете го она што го сакате.
3. Кога има проблеми, тие мислат дека тие се виновни
А, понекогаш мажите едноставно не можат, не сакаат, не се расположени, депресивни или не можат да добијат ерекција.
– Исцрпеност, стрес и депресија можат значително да влијаат на машкото либидо, како и на женската желба – објасни Халцман.
Мажите исто така имаат период на опоравување после оргазмот, кој се продолжува со возраста.
4. Мислењето за сопственото тело стои помеѓу нив и добриот секс
Факт е дека на повеќето мажи воопшто не им е грижа какви гаќички и градник носите, дали имате шлауф околу половината или слично. Тие сакаат секс со нивниот партнер и тоа е тоа. Опуштете се и уживајте. Вашето мислење за вашето тело само ви штети, тој не мисли така.
5. Престанале да фантазираат
Паровите кои се заедно долго време понекогаш можат да доживеат период на досаден секс. Тоа е затоа што тие престанале да фантазираат. Жените се особено ограничени во тоа, бидејќи сметаат дека не е во ред. Сепак, Кастеланос вели дека нема ништо лошо во размислувањето за секс и фантазирање за различни сценарија.
– Ја зголемува желбата што ви овозможува да имате возбудлив секс со партнер. Тоа е добивка и за двајцата – објасни таа.