Шест лица затекнати во казино во Куманово по дозволеното време

Сподели со своите пријатели

Шест лица и тројца вработени биле затекнати од страна на полицијата во казино во Куманово, по дозволеното работно време.

Loading...

– На 12.06.2021 во 01.00 часот, при контрола на угостителски објекти на подрачјето на Куманово, полициски службеници од СВР Куманово констатирале дека казино на улица „Доне Божинов“ работи по дозволеното време, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, во објектот биле затекнати шест лица- гости и тројца вработени.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply