Дали ковид и секс е безбедна комбинација? Еве што вели „научничката“ Сања Цинцева (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сања Цинцева е млада македонска научничка која сака да научи како се става вакцина, откако претходно ги има совладано сите лекции во областа на коронавирусот.

Loading...

Сепак, не е до крај јасно дали Цинцева е научникот или пациентот во оваа песна и видео запис во кој некој учел како се монтираат видеа.

 

 

Елем, Цинцева порачува да не ја ингорирате, да ја дезинфицирате и да и ја измерите топлината, бидејќи оган ја облива. Вели дека треба да дегустирате полека, а не на екс, затоа што може да е опасно ковид и секс.

Обрнете посебно внимание на делот од песната на 1:30 каде вели дека нема да ве спаси ни скафандер, кога таа е напалена.

 

Loading...

 

Мало појаснување за оние што „поим немаат од англискиот“, клучно е што во стихот не вели „Не ќе те спаси ни скафандер, кога сум напалена да онанде“ туку „…кога сум напалена down under“ (даун андер).

 

 

Се гледа дека младата Цинцева и Борче Нечовски, кој се потпишува на овој текст, ги совладале сите испити по медицина, а малку оделе и на предметот англиски јазик.

 

Loading...

 

На крајот, имајте предвид дека текстот нема врска со реалноста, Цинцева не е научник, а дали ова е песна, па проценете сами.

 

Leave a Reply