Министерството за здравство информира дека утрово на Комисијата за заразни болници се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб.
Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица.
Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
Главниот координативен штаб на Владата во меѓувреме ги прифати мерките.
Главниот координативен КОВИД-19 кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница:
– укинување на ограничувањето на движењето;
– сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до 1000 лица и искористување на просторот до 50%;
– се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.
За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.
Интегрално соопштение