„Касандра“ е веројатно најгледаната латиноамериканска теленовела на сите времиња на овие простори.
Скоро и да нема некој што не знае за Касандра, Игнатиј, Луис Давид, Ранду и Доринда.
View this post on Instagram
Славниот Ранду, фрлач на нож во циркус, кому Касандра била ветената невеста и кој беше смртно вљубен во неа, го играше Хенри Сото во серијата.
Овој венецуелски актер неодамна наполни 60 години, а судејќи според фотографиите, денес тој дури и не личи на славниот лик од серијата.
Иако го паметиме по неговата долга црна коса и шалови, Хенри денес е сивикос, има пократка коса, а има и брада и мустаќи.
View this post on Instagram
Сепак, дури и по толку многу години, многумина го поврзуваат со Касандра, а тој самиот не заборави на својата славна улога, па често објавува снимки од оваа серија.
View this post on Instagram
– Постојат ликови кои го одбележуваат животот на еден актер, кои го дефинираат неговиот пат и неговата личност и сила. Ова беше без сомнение можеби најважната и одлучувачка улога во мојата кариера, ми ја отвори вратата на чувствителноста, ме натера да се нурнувам во нескротливи страсти, непознати и, искрено, ме воведе пред публиката, па дури и денес, по скоро 30 години, таа е круната на мојата кариера. А, оние што велат дека традиционалните сапуници се површни и ирелевантни, нека го кажат тоа на милиони следбеници од неколку генерации. Да видиме што ќе им одговорат – искрено напишал Сото покрај клипот од Касандра кој го објави на својот Инстаграм.
View this post on Instagram
Денес, Хенри игра во театар и се занимава со хуманитарна работа.