Вкупно 25 лица во текот на изминатото деноноќие биле казнети во Куманово, додека во истиот петиод регистрирани се две прекршувања на полицискиот час.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10.06/11.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 35 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Од вкупно изречените прекршочни налози најголем дел се издадени во Куманово 25, во Крива Паланка 5 и во Кратово 5.
За истите, како што посочуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период 4 (четири) лица не ја почитувале забраната за движење, од кои 2 (две) во Куманово и 2 (две) во Кратово.
Никола Ивановски

