Во Слупчане ќе се постави споменик на ОНА вреден 200.000 евра

Сподели со своите пријатели

Општина Липково во околината на селото Слупчане ќе подигне спомен кула за борците од ОНА.

Како што пренесува телевизијата Алфа, општината за овој проект ќе потроши вртоглави 200.000 евра.

На сајтот на бирото за јавни набавки веќе е објавен договорот меѓу општината и компанијата Хоџа инжинеринг од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра, пишува Алфа.

На 20-годишнината од воениот конфлит, на 2ри мај годинава лидерот на ДУИ Али Ахмети положи свежо цвеќе и вети дека спомен кулата набрзо ќе биде изградена.

 

Leave a Reply