Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Температурите ќе се движат во интервал од 19 до 30 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време во претпладневните часови, а попладне се очекува зголемување на облачноста и нестабилност со грмотевици и врнежи од дожд.
Температурата низ кумановско и околината денеска ќе се движи од 11 степени во утринските часови до максимални 24 степени целзиусови во текот на денот.

Слично време нѐ очекува и утре, со нестабилност во попладневните часови и дневен максимум од 24 степени.

Иако се очекуваше дека в недела нема да имаме врнежи, последните предвидувања на метеоролозите се дека и во последниот ден од седмицата ќе имаме променливо облачно време со попладневна нестабилност проследена со дожд и електрични празнења. Температурата ќе се искачи до 23 степени целзиусови.

Слично време ќе се задржи и на почетокот на следната работна недела, по што ќе следува период на раст на температурите.
Никола Ивановски

