Обезбедени се 150 нови контејнери за смет, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје во Куманово.

– Поставувањето на новите садови за смет е дел од проектот „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област” преку Програмата за прекугранична соработка со Косово на ЈП „Водовод” – Куманово и регионалната компанија „Хидроморава” – Гњилане, информираше преку Фејсбук градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Првиот дел од овој проектот беше изградба на атмосферска канализација на улицата „Братство единство” која е веќе пуштена во употреба.

– Само заедно можеме да ја зачуваме и заштитиме нашата животната средина, порача Димитриевски.
Никола Ивановски

