Ана Тимсон од Ворвик, Англија, влегла во менопауза уште пред да биде возрасна.
Кога имала 17 години, таа почнала да забележува дека менструацијата станува нередовна, но и дека има топли бранови што се карактеристични за жените кога ќе започнат да влегуваат во менопауза.
Нејзините лекари најпрво и дијагностицирале високо ниво на хормон FSH и таа добила терапија во форма на апчиња за контрацепција.
View this post on Instagram
Четири години подоцна, нејзините симптоми се вратиле и по неколку тестови, дијагностицирана е со менопауза.
Ова, сега веќе 38-годишнаа жена вели дека била целосно скршена од сознанието дека најверојатно нема да може да има деца, пренесува Daily Mail.
View this post on Instagram
„Бев студенкта кога добив официјална дијагноза. Иако не размислував за тоа да имам деца во тоа време, помислата да не ги имам во иднина беше поразителна. Се чувствував како некој да ми ја зеде иднината. Се заклучив во куќата и тагував“.
Иако терапијата ги „криела“ симптомите, Ана својата состојба му ја соопшти на партнерот што го запознала пред осум години и му рекла дека нема да може да има семејство.
View this post on Instagram
„Тој го прифати тоа, сфативме дека сме среќни и бездетни. Може да се предомислиме со текот на времето и да одиме на медицинско асистирано оплодување или да посвоиме, но засега сме добро и вака”, рече таа.
View this post on Instagram