Мајка од Тексас била уапсена затоа што наводно цел ден се претставувала како нејзина 13-годишна ќерка на училиште.
Кејси Гарсија (30), наводно, се провлекла во училиште во Сан Елисари облечена како тинејџерка – во тренерка, со ранец и маска за лице – за да докаже дека има лабава безбедност, според видеата на Јутјуб што ги објави.
За време на бизарната измама, никој не забележал дека таа всушност не е нејзината ќерка Џулија, сè до крајот на училишниот ден, рече Гарсија во снимките.
– Овде сум цел ден, лице в лице со наставниците. Дали изгледам како седмо одделение? Не? Одлично – рече таа во едно видео.
На снимката се гледа како таа шета по ходниците на училиштето, па дури и во еден момент го поздравува директорот, кој се чини дека нема поим дека е возрасна жена, пренесува Њујорк пост.
Гарсија седела во училницата, ручала во кафетеријата и разговарала со вработените во училиштето. Поголемиот дел од денот, единствениот проблем било што го држела телефонот и снимала, додаде таа.
Оваа приказна доби уште побизарен тек откако била фатена, кога се соочила со полицијата, која на крајот ја уапсиле.
Таа е осомничена за кршење на законот и за неовластено мешање во владината евиденција, според ЦБС 12.
На последното видео, таа рече дека целта да влезе во училиштето е да покаже колку е потребна посилна безбедност.
– Ви велам дека ни треба подобра безбедност во училиштата – сакав да го докажам тоа – објасни Гарсија.
Медиумите јавуваат дека во петокот и била дадена кауција од 7.908 американски долари.