Повеќе локации во Куманово и околината денеска и утре ќе бидат привремено без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:30 до 13:30 часот прекини ќе има на улиците „30 Јули“ и „Стево Филиповиќ“.
Во период од 08:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на дел од улицата „Никола Тесла“.

Од 09:00 до 13:00ч. без електрична енергија ке бидат дел од улиците „Ратко Митровиќ“, дел од „Ѓорче Петров“ под Магаза, „Бранко Радичевиќ“ и улицата „Веселин Маслеша“.
Во период од 08:30 до 11:30 часот без електрична енергија ке бида дел од жителите на месноста Бејтеви ниви.
Прекини на електрична енергија се најавени и за утре. Во период од 08:30 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат жителите на улиците „Вардарска“, „Пробиштипска“ и „Борис Кидрич“.

Во периодот од 08:30-14:30 часот утре прекини се најавени за дел од „Ѓорче Петров“ – Магаза за Ќошара и од 08:00 до 11:00 часот без струја ќе биде делот од Примакови Ниви.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски

