Се самуоби лидерот на Боко Харам: Џихадистот се разнел со експлозив!

Сподели со своите пријатели

Лидерот на нигериската исламистичка група Боко Харам, Абубакар Шекау, се самоуби активирајќи експлозив, објави конкурентската џихадистичка организација Исламска држава во Западна Африка (ISVAP).

Во аудио-снимката, која била доставена до новинските агенции, се вели дека лидерот на Боко Харам се самоубил за време на борбата со ИСВАП, активирајќи експлозив.

– Шекау избра понижување во другиот свет отколку на Земјата. Тој се самоуби активирајќи експлозив – рече глас сличен на гласот на водачот на ИСВАП, Абу Мусаб Ал-Барнави, на снимка за која не се знае кога е направена.

Наводниот глас на водачот на ривалските џихадисти навел во снимката дека Шекау ја напуштил борбата и со неколку приврзаници неколку дена талкал откако борците на ИСВАП го лоцирале и го повикале да се предаде, но тој одбил и се самоубил.

Боко Харам не ги коментираше обвинувањата за смртта на нивниот водач, а нигериската војска објави дека спроведува истрага. ВВС наведува дека еден новинар со блиски контакти во безбедносните агенции соопштил дека Шекау, кој повеќе пати досега е прогласуван за мртов, го загубил животот кога ИСВАП ги нападнал позициите на Боко Харам во шумата Самбис, во североисточна Нигерија.

За време на Шекау од 2009 година, Боко Харам организираше бомбашки напади, киднапирања и бегства од затвор низ целиот регион, во кои беа убиени повеќе од 30.000 луѓе и над два милиони раселени од своите домови.

ИСВАП, кој Исламската држава го признава како свој дел, беше создаден во 2016 година со одвојување од Боко Харам, за кој сметаа дека е премногу радикален, и стана најголемата џихадистичка група на североистокот на Нигерија.

Leave a Reply