Бонтенмару е куче кое живее во Токио со своите сопственици и овој Ши Цу има 6 години.
Неодамна, профилот на Инстаграм на ова куче одеднаш стана многу популарен. Ова милениче се смета за еден вид модел и инфлуенсер, а го следат скоро 24 илјади луѓе.
View this post on Instagram
Неговите слики добиваат неколку илјади лајкови. Тајната на успехот е во необична фризура, а луѓето ја споредуваат со многу познати личности.
Така, многумина веруваат дека фризурата на Бонтенмару е многу слична на фризурата на Лејди Гага на почетокот на нејзината кариера. Тој ги потсети другите и на Сија, исто така позната пејачка.
View this post on Instagram
Современата фризура не е единствената работа што се забележува кај ова кученце, сопствениците го облекуваат многу модерно, па тој доби многу симпатии поради неговиот стил.
View this post on Instagram