Вирално видео што веќе некое време кружи на социјалните мрежи, а на кое се гледа како девојка се вози на хауба од автомобил во кањонот Тијесно, стигна и до полицијата во Бања Лука, која сè уште се обидува да ги утврди околностите на случајот.
Имено, непознато лице решило да вози неименувана жена низ кањонот Врбас на делот Јајце -Бања Лука на хаубата од автомобил.
Видеото, кое веќе стана вирално на социјалните мрежи, покажува како совозач го снима кањонот Врбас, а во еден момент, од спротивната насока, на видеото се гледа како возило превезува жена во фустан од левата страна на хаубата.
Како што неофицијално дознаваат тамошните медиуми, на сè претходела љубовна расправија, а според неофицијални информации, девојката буквално се „закачило“ на хаубата на момчето со кое се расправала и тој продолжил да вози.