Дали би се осмелиле да пливате во целосно прозирен базен сместен помеѓу две згради, на висина од нешто повеќе од 30 метри? Еден таков се наоѓа во главниот град на Велика Британија.
Жителите на двете згради имаат начин да уживаат во летото, дури и ако не можат да патуваат. Преку базенот, посетителите можат да пливаат од покривот на едната, до покривот на друга висока зграда и е изграден од акрилна пластика.
И додека едни не се осмелуваат да влезат во вода од страв од височина, други уживаат во забавата „на небото“ и пливаат над градот без да се грижат што има под нив и на која висина се наоѓаат.
Тој е најголемиот акрилен базен во светот, а се наоѓа на одлична локација во близина на американската амбасада во овој град, во близина на Темза, што го одделува од палатата на Вестминстер. Дури и оние кои не се осмелуваат да влезат во вода, можат на покривот на зградите што се поврзани со пешачки мост, да уживаат во погледот на градот и зградата на парламентот.
Направена е во САД и транспортирана преку океанот, така што жителите на овие лондонски згради можат да уживаат во архитектонското чудо.