Огромна дупка се заканува да проголта куќа во Мексико: Постојано расте и се полни со вода (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Огромна дупка со дијаметар од околу 60 метри се појави во полето во мексиканскиот град Санта Марија Закатепек и се заканува да „проголта“ блиска куќа, пренесува Си-Ен-Ен.

Loading...

Гувернерот на мексиканската сојузна држава Пуебла, Мигел Барбоса Хуерта, на прес-конференција во понеделникот рече дека дупката е длабока 20 метри.

Гувернерот додаде дека семејството што живее во куќата покрај дупката е евакуирано и дека досега никој не е повреден.

 

 

Тој го предупреди локалното население да не се приближува до бездната.

– Дијаметарот на дупката првично беше пет метри, а во следните часови тој значително се зголеми – рече Беатрис Манрике, министер за заштита на животната средина во Пуебла.

Loading...

Таа рече дека веруваат дека појавата на дупката се должи на две работи – обработка на почвата и испумпување вода.

– Двете активности доведуваат до омекнување на почвата – додаде Манрике.

Група експерти од повеќе јавни институции ќе го испитаат амбисот, а процесот ќе трае најмногу 30 дена.

Дупката првпат се појави во саботата и постојано се полни со вода.

 

Leave a Reply