Во Кина регистриран прв случај на птичји грип кај човек

Сподели со своите пријатели

41-годишен маж од источната кинеска провинција Џиангсу  е потврден како прв човечки случај на зараза со вирус на птичји грип Х10Н3, соопшти кинеската Национална здравствена комисија (НХЦ).

Човек за кого беше потврдено дека го има првиот човечки случај на вирусот птичји грип Х10Н3 е хоспитализиран на 28 април по појава на треска и други симптоми, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија (НХЦ)

Еден месец подоцна, му бил дијагностициран вирус на птичји грип Х10Н3.

H10N3 е слабо патоген или е релативно помалку сериозен вид на вирус кај живината.

– Ниту еден случај на Х10Н3 кај луѓето не е пријавен на друго место. Ризикот од пренос од големи размери е мал, велат тие.

Leave a Reply