Силен земјотрес на Алјаска

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди централна Алјаска во Соединетите Американски Држави, соопшти денеска Американскиот геолошки институт (УСГС).

Loading...

Земјотресот се случил на длабочина од 58,2 километри, а епицентарот бил на 161 километар северно од Енкориџ, според извештајот на УСГС, а пренесува Ројтерс.

До потресот дошло синоќа околу 22:59 часот по локално време, и се чувствувал низ целата Алјаска, според податоците на локалниот Центар за земјотреси.

Засега нема податоци за можни жртви и материјална штета.

Leave a Reply