И покрај врнежите, водостојот на Пчиња далеку под просекот

Сподели со своите пријатели

Далеку под просекот за мај е водостојот на реката Пчиња, иако во текот на изминатите денови имаше врнежи низ кумановско.

Loading...

Последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи направени утринава во 07:30 часот во атарот на селото Пелинце покажуваат дека водостојот на Пчиња изнесува 38 степени, што е скоро двојно под просекот за овој месец кој изнесува 62 сантиметри.

Од неделната хидролошка таблица на УХМР, може да се забележи дека максималното ниво што реката ја достигнала во текот на изминатата седмица било во сабота кога биле измерени 40 сантиметри.

Никола Ивановски

Leave a Reply