РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: Наводно постои ТикТок предизвик поради кој децата исчезнуваат на 48 часа!

Сподели со своите пријатели

Родителите се плашат од наводниот тренд на ТикТок, намерно исчезнување на деца 48 часа.

Loading...

Според корисниците на оваа социјална мрежа, целта на „предизвикот“ е децата, претежно 14-годишници, да исчезнат 48 часа за да проверат „колку хистерија ќе предизвикаат“.

Гласините за овој наводен тренд се појавија откако исчезнаа две ученички на возраст од 14 и 15 години во Стоктон, Тесида. Иако оттогаш се пронајдени и нема докази дека ТикТок бил поврзан со инцидентите, тоа не го спречи ширењето на шпекулациите.

 

 

Што се случи во Стоктон?

Била покрената голема потрага по двете тинејџерки, а во потрагата учествуваа пријатели, членови на семејството, како и загрижени локални жители кои и помагале на полицијата за време на дождот.

Loading...

Локалната полиција потврди дека девојчињата се пронајдени, но не откри детали за околностите на нивното исчезнување.

И покрај тоа што нема докази што сугерираат дека тие учествувале во овој луд предизвик, корисниците на социјалните мрежи наскоро почнаа да носат свои заклучоци.

Шпекулациите за овој тренд станаа толку раширени што полицијата во Кливленд беше принудена да се сврти кон Фејсбук.

Како што напишаа, тие се свесни за гласините што се шират, но предупредија дека истите наводи постоеја во написите од 2017 година, само тогаш „главниот виновник“ беше Фејсбук.

„Не е познато дали ова некогаш се случило во Кливленд и нема податоци што може да се проверат за да го поддржат во 2021 година. Ние секогаш ги охрабруваме родителите да бидат свесни за тоа што може да се случи на социјалните мрежи, сепак, полицијата не издаде предупредување до родителите не можеме да најдеме докази дека се случува такво лудило или во моментов се споделува“, заклучија тие.

 

Сепак, ова не ги убеди загрижените корисници на социјалните мрежи дека нема причина да се грижат.

Loading...

„Не е само локализирано во Кливленд, тоа е глобален тренд што се случува, во некои случаи можеби не е причина за исчезнувањето, но се случува низ целиот свет“, тврди еден коментатор.

Други, исто така, ги споделија своите ставови за децата кои можат намерно да исчезнат.

Еден од нив напиша: „Децата кои го прават ова треба да се срамат од себе. Зошто би сакале така да ги повредат своите најблиски?”

Друг рече: „Ако ова е тренд, тогаш овие деца се луди! Мајки и татковци, ставете апликации за следење на мобилните телефони на вашите деца. Барем ќе знаете каде се или на кое место последен пат биле…

„Ова е веројатно најглупавиот тренд што постои“, заклучи третиот, пренесува Индипендент.

Leave a Reply