Креативниот директор на брендот Баленсијага, Демна Гвасалија, претстави креација која наскоро ќе се најде на листата на најбарани, бидејќи неговите предлози за стил се претежно невообичаени и имаат посебни, неочекувани детали.
Чантата, како и секоја впечатлива креација, има име – „SneakerHead“.
Има во неколку големини и бои.
Модната куќа Баленсијага потпишува некои од најбараните модни додатоци на светската модна сцена, а оваа варијанта е инспирирана од деконструирана патика.
И помалата и поголемата верзија на чантата има детали како врвки, кои се карактеристични за повеќето патики. Чантата сè уште не е достапна за продажба, но можно е да се регистрирате за листа на чекање за да нарачате. „SneakerHead“ инаку ќе чини 2.290 американски долари, или 1.867 евра.