Вивијан Канингам е пензионерка, мајка, баба и прабаба, а неодамна дипломирала на колеџ на 78-годишна возраст.
„Бев зачудена. Навистина се чувствував одлично. Единствено што можам да кажам е дека бев возбудена. Се чувствувам добро што, го поминав тој образовен процес “, рече таа.
Таа завршила минатиот викенд на Универзитетот Самфорд во Бирмингем, Алабама, и со тоа ја исполнила својата голема желба. Поминала шест години студирајќи либерални студии, а по долгогодишна работа, излегла на сцената и ја добила дипломата пред нејзиното семејство.
„Следете ги вашите соништа, не дозволувајте никој да ви каже дека не можете да го направите тоа. Продолжете да се обидувате “, рече Вивијан Канингам.
Поминала 29 години работејќи како чувар, а подоцна била шеф на одделот за курири во компанија во Алабама.
Таа се повлекла во далечната 1992 година. Со вишок слободно време и голема љубов кон учењето, Вивијан, која има две деца, три внуци и три правнуци, одлучила да добие универзитетска диплома.
„Здружението на пензионери ни рече да одиме на некои часови и да започнеме да се движиме, наместо само да седам дома, па решив да се запишам на колеџ. Уживав да поминувам време на предавања“.
Нејзиното семејство и било голема поддршка за време на нејзините студии и сите се многу горди на нејзиниот успех.
„Моите пријатели ми се јавија и ми рекоа дека мојот пример ги мотивира. „Некои помлади членови на моето семејство ми рекоа, ако можеш ти, можеме и ние“, гордо рече Вивијан.
Сега размислува да се запише на магистерски студии.