Корисничката на TikTok, младата Џулија Касел, ја сподели на оваа социјална мрежа својата бизарна приказна за чекорите што ги презеде, откако нејзиното момче престанало да одговара на нејзините повици и едноставно исчезнало.
Таа најпрво ги контактирала неговите пријатели и ги прашала дали знаат каде е нејзиниот партнер, на што тие одговориле дека и тие немаат информации за него. Шокирана, Џулија конечно открила дека младиот човек е во затвор, па започнала да смислува план како да стигне таму и да разговара со него, пренесува „Ледбибл“.
Таа се приклучи на секција во училиштето, во рамките на кој се изучува правото, и се покажало дека учениците кои ја посетуваат, во рамките на проектот, треба да го посетат самиот затвор каде лежел нејзиниот несовесен партнер.
Таа одела на секое предавање и кога на крајот на семестарот дошол денот за посета, Џулија била разочарана бидејќи професорката истакнала дека девојките можат да одат само во женскиот дел од затворот.
– И реков дека едноставно морам да одам кај мажите затвореници, но не можев да и објаснам зошто точно. Сепак, таа не ми го дозволи тоа, бидејќи на девојките им бил забранет пристап до постарите машки затвореници – рече таа во видеото.
На крајот, таа не успеала да го види момчето кој исчезна од нејзиниот живот и им порача на сите девојки никогаш да не „бркаат“ мажи и да не прават такви екстремни чекори.
Нејзиното видео е прегледано повеќе од милион пати, и има малку што да се каже дека луѓето се шокирани од приказната. Откако своето искуство го објавија медиумите, Џулија ги избриша своите профили на социјалните мрежи, па видеото во кое раскажува за настанот веќе не е достапно.