Нели Џин Робинсон (35) од Флорида страда од хирзутизам, прекумерна влакнетост, а нејзините видеа на Тик Ток кои се занимаваат со оваа тема станаа вирални.
Хирзутизам е прекумерна влакнетост што се јавува кај жени на места кои се повеќе типични за мажите. Често е несакан ефект на синдромот на полицистични јајници.
Нели решила да го искористи својот профил на „ТикТок“ за да ги едуцира луѓето и да ја подигне свеста за оваа состојба.
Нели за прв пат ја споделила својата приказна за оваа состојба во видео на ТикТок, а видеото стана вирално. За неколку дена собрало над 14 милиони прегледи.
На видеата таа зборува за тоа како изгледа нејзиниот живот со оваа состојба, зошто нема момче и споделува неколку практични совети.
Нели сака да ги освести жените кои страдаат од иста состојба. Таа рече дека се надева дека ќе им помогне на овие жени и девојки со својата приказна.
Благодарение на неа, многу други жени, исто така, одлучиле да ги споделат своите искуства со оваа состојба.
Нели сака да го смени негативнот став кон жените со влакна на лицето, како и да едуцира повеќе луѓе за хирзутизам.
@bermybeauty85I’m pro mask or whatever ? #yasclean #fyp #hirsutism #hirsutismwax #pcosawareness #MAKEYOURMOVE