Поради вирално ТикТок видео на роденденска забава дошле над 2.500 луѓе, интервенираше полицијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видео поканата од ТикТок за роденденската забава собрала 2.500 луѓе на плажата во Калифорнија.

Loading...

Уапсени се 149 лица кои ја одбиле наредбата за разидување, а меѓу нив имало и 28 малолетни лица.

Видео поканата за роденденската забава станала вирална на популарниот ТикТок и собрала најмалку две илјади луѓе да слават на плажа во Јужна Калифорнија во саботата вечерта.

Полицијата проценила дека најмалку 2.500 луѓе се собрале на плажата, го прогласи собирот за нелегален и уапси 149 лица кои ја одбиле наредбата да се разидат. 28 од нив биле малолетни.

Полицијата прогласи полициски час откако луѓето почнале да се искачуваат на спасувачката кула и нелегално да поставуваат огномет.

На видеото се гледа како полицајци носат кациги што вообичаено ги носат кога има немири и пукаат гумени куршуми за да ја контролираат толпата.

 

Loading...

Leave a Reply