Седум локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти на дистрибутивната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Доктор Рибар“, улица „442“, во населбата Иго Тричковиќ, улица „11 Ноември“ (од улицата „Индустриска“ до „Миодраг Петровиќ“), „Миодраг Петровиќ“ , „11 Ноември“ (сектор Бинго Башкими), „Киро Фетак“, и улицата „Ѓорче Петров“ (крак зад бензинска пумпа ПЕАК ПЕТРОЛ).
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски