Потрошиле милијарди за тенкови што не можат да пукаат во движење

Сподели со своите пријатели

Велика Британија потрошила 4,5 милијарди долари за развој на нов вид лесни тенкови што не можат да пукаат при движење, иако, според експертите, мобилноста е од клучно значење во современата доктрина на војување.

Loading...

Лондонски „Тајмс“ во извештајот наведува дека оклопното возило „Ајакс“ оставило голем впечаток врз администрацијата на британскиот премиер Дејвид Камерон. Толку добар впечаток што тогашниот прв човек на Даунинг стрит 10 решил да нарача 589 од тие тенкови, откако го добил мислењето на воените водачи.

Од тогаш неколку пати се одложуваа роковите за испорака, а армијата сè уште чека на возилата.

„Тајмс“, сепак, открива дека се забележани технички проблеми со новите тенкови, вклучително и висока бучававо возилото, но уште поважно е што вооружените системи не можат да пукаат во движење поради вибрации.

Вооружен со 40-милиметарски топ и лесни митралези, „Ајакс“ е наменет за блиска поддршка на пешадиските и извидничките единици. Фактот дека не може да пука во движење, го прави бескорисен во тие улоги.

И покрај тоа, британската влада веќе потроши 3,2 милијарди фунти на возила, од вкупно планираните 5,5 милијарди, наведува Тајмс по разгледувањето на документите на Министерството за одбрана.

Парламентарните тела што го следат трошењето на владата се многу незадоволни, а извори на „Тајмс“ велат дека и по толку многу пари потрошени, сè уште не е доставено ниту едно возило.

Leave a Reply