Руската вселенска агенција Роскосмос го покани директорот на американската агенција НАСА, Бил Нелсон, да дојде во Русија, изјави директорот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.
Loading...
– Новиот шеф на НАСА, г-дин Нелсон, е почитувана и ценета личност и специјалист. Би сакал да го запознаам. Веќе го поканивме во Русија и подготвени сме отворено и конструктивно да разговараме за сите прашања од нашата соработка во вселената – рече Рогозин преку Твитер, пренесе ТАСС.
Американскиот Сенат го назначи Нелсон на чело на НАСА кон крајот на април.