Протест против образовните реформи утре ќе се одржи на градскиот плошта во Куманово со почеток во 18 часот.
Организатор на протестот е граѓанската инцијатива „Учбеници и настава мора да има“.
Протестот ќе започне во 18 часот, а е предвидено да заврши во 20:00 часот. Во рамките на протестот ќе биде поставена и бина и озвучување на градскиот плоштад, според пријавата на протестот доставена од кумановската полиција.
Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ бара да запре постапката за новиот закон за учебници зашто не се согласува со целосно отфрлање на печатените учебници, како и со други најавени реформи во образованието.
Според Предлог-законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, од учебната 2021/2022 година ќе бидат воведени дигитални учебници, најпрво во четврто одделение, а во наредните години и во погорните одделенија, како и во средното образование. Според предлог-законот, учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени (хартиени) учебници.
Никола Ивановски