Потрошил повеќе од 23.000 евра за да личи на Кен: „Не ми е гајле што мислат другите“

Сподели со своите пријатели

Џими Федерстон (22) по потекло е од Англија и најголема животна желба му е да изгледа како жива кукла. Џими вели дека не планира да запре со операции и корекции додека не изгледа целосно пластично и целиот свет не слушне за него.

Loading...

Тој троши повеќе од 23.000 евра годишно за да изгледа како неговиот најголем идол – Кен.

 

 

– Отсекогаш сум бил некој што сака да се издвојува од толпата, никогаш не сакав да изгледам како сите други – рече Џими. Следната операција што тој планира да ја направи е операција на носот. Тој сака да го намали носот што е можно повеќе, со цел да личи на измислен лик од цртаниот филм.

Сакајќи да стане славен и да ја пронајде својата вистинска љубов по раскинувањето на тригодишната врска со 40-годишен партнер, Џими влегува во реално шоу за да ја пронајде својата среќа.

 

Loading...

 

– Не мислам дека некој на моја возраст може да ми даде начин на живот што го посакувам, додека некој што е постар и заработил пари може – беше искрен Џими.

Го напуштил училиштето на 16-годишна возраст и работел административно со цел да заштеди и да плати за сите негови естетски зафати. Тој вели дека е свесен дека луѓето не веруваат дека тој платил за повеќето од неговите постапки сам, но дека за него е најважно да знае колку работел за нив.

– Не ми е гајле што мислат или кажуваат луѓето. Јас го правам она во што уживам – рече Џими на крајот.

На почетокот на овој месец, тој го прославил својот 22-ри роденден со раскошна забава која чинела 2.500 евра.

 

Loading...

 

Leave a Reply