Мисицата, која страда од асоцијално нарушување на личноста, тврди дека поради нејзината состојба ги изневерила скоро сите момчиња и дека не се чувствува виновна.
Каника Батра објави видео на својот ЈуТјуб канал наречено „Интервју со социопат“ во кое зборува за своето ментално здравје. Финалистката на изборот за Мис Австралија тврди дека ја оценувале десетина психијатри кои заклучиле дека има „антисоцијална и нарцисоидна личност“. Симптомите вклучуваат недостаток на емпатија, занемарување на другите и склоност кон лага и манипулација.
Таа тврди дека и е тешко да биде „морално добра“ личност и дека и е полесно да биде неверна, особено затоа што никогаш не чувствува вина и срам поради своите постапки. Таа во моментов има свршеник Сем, иако признава дека изневерила тројца од петте поранешни партнери.
Каника вели дека им ја покажува својата „злобна страна“ на луѓето кои ја повредиле и дека знае да биде прилично одмаздољубива. Иако нејзината совест не претставува проблем, таа се обидува да не ја повтори истата грешка двапати. Иако се обидува да биде искрена со мажите, таа не ја открива својата дијагноза се додека не се зближи со нив. Таа тврди дека поради нејзината состојба ги „бомбардира“ со љубов, односно ги обзема со внимание.
Имитирајќи ги другите, научила емотивни одговори и се изградила врз идентитетот на блиските луѓе.
„Ако го тргнете сето тоа, немаше да остане ништо во јадрото. Многу тажно”, објасни таа. Таа тврди дека морала да учи како почесто да трепне затоа што понекогаш постојано гледала во очи на други луѓе и со тоа ги полудувала.
Каника не сака деца се додека не направи „комплетна терапија“ и биде сигурна дека може да биде со нив „физички, емоционално и финансиски“.