Некој е подготвен да плати 2,4 милиони долари за место во леталото на Безос

Сподели со своите пријатели

Компанијата на милијардерот Џеф Безос прими над 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг на наддавање.

Loading...

Blue Origin, приватна ракетна компанија на милијардерот Џеф Безос, објави дека моментално највисоката понуда за место во вселенското летало „Њу Шепард“ е 2,4 милиони долари во вториот круг на наддавање.

Компанијата соопшти дека во првиот круг добила над 5.200 понуди од 136 различни земји.

Вториот круг на наддавање за место на летот во вселената започна со понуда од 1,4 милиони долари.

Наддавањето ќе трае до 10 јуни и ќе заврши на 12 јуни со аукција на интернет што ќе оди во живо.

Компанијата за ракети ќе го испрати своето летало на својот прв суборбитален лет за разгледување на 20 јули.

Тие се надеваат дека летот ќе биде пресвртна точка што ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата Њу Шепард се дизајнирани за автономен превоз на шест патници на надморска височина од над 100 километри над површината на Земјата.

Loading...

Ројтерс во 2018 година објави дека BlueOrigin планира да им наплати на патниците најмалку 200.000 долари за возењето, врз основа на проценката на плановите на ривалот на Безос, милијардерот Ричард Бренсон и неговата компанија Вирџин Галактик, но таа проценка очигледно се покажа како погрешна.

Leave a Reply