ОД ИСТОРИЈАТА: Еден исчезнат и заборавен град во кумановско

Сподели со своите пријатели

Најважната населба во римското време се наоѓала покрај Крива река, меѓу селата Коњух и Бељаковце. Таа имала градски карактер и зафаќала поголем простор.

Loading...

Нејзиниот акрополис се наоѓал на високиот рид, што се издига нпосредно до самата река. По својата форма ридот се разликува од соседните ридишта и гледан оддалеку личи на огромна фигура на коњаник.

На тоа упатува и самото име на селото Коњух, што претставува архаичен словенски топоним.

Денес по долината на Крива река на подрачјето на селата Коњух и Бељаковце нема големи селски населби. Само неколку семејства ја продолжуваат традицијата и населбинскиот живот на стариот град.

Во својата секојдневна работа тие откривале по нивите разни археолошки наоди од старото население и со љубопитност барале да ја откријат и објаснат причината за исчезнувањето на големиот град.

Во античко време кога егзистирала населбата, ситуацијата по оваа долина била сосема поинаква. На ридот Градиште, како и на падините околу него, се рпостирала голема населба со неколку илјади жители.

Таа била заштитена со јаки бедеми од сите страни, од кои денеска останале само темелите и многу урнатини. Просторот кој бил опфатен во одбранбениот бедем, имал димензии 400 метри во широчина и 500 метри во должина и бил поголем од скопското Кале.

Од археолошките објекти кои делумно биле откриени на оваа наоѓалиште, најдобро е сочувана една ранохристијанска  базилика, позната под името Ротонда.

Loading...

Таа се наоѓала надвор од бедемот на една пространа падина и дејствувала импозантно со своите огромни размери и сочувани материјали.

Ѕидовите на Ротонда се сочувани и до два метра висина, а во неа биле расфрлани голем број колони, капители и бази декорирани со мотиви од христијанската религија.

Врз основа на декорацијата можело со сигурност да се заклучи дека овој грам бил подигнат во ранохристијанско време, најверојатно времето на Јустинијан I (527 – 565 година).

Но, градската населба кај Коњух го започнала својот живот многу порано, во текот на доцноримското време (II – III век). На тоа упатуваат и сведочат површинските наоди од римската керамика, како и монетите што биле откриени на оваа наоѓалиште.

Врвот на ридот Градиште, каде се наоѓала цитаделата на населбата изобилувала со градежен материјал и видливи биле темелите од неколку згради.

На многу места по стрмната карпа стоеле разурани форми на голем број простории, што човечката рака ги изработила со големо трпение и умешност. Зачувани биле и просториите издлабнати во тврдата скала за кои селаните верувале дека се средновековни цркви.

Од јужната страна на ридот, надвор од бедемот била сочувана мала средновековна црвка, градена со материјали од уништената населба.

Текст на Апостол Керамитчиев од 1971 година

Loading...

Извор „Наш весник“

фото: илустрација Музеј Куманово

Leave a Reply